Дома Македонски спорт Мак ракомет Дебакл на дебито за Вујовиќ: Е.Пелистер го потопи Вардар за прв трофеј по 16 години!

Дебакл на дебито за Вујовиќ: Е.Пелистер го потопи Вардар за прв трофеј по 16 години!

Eурофарм Пелистер убедливо го победи Вардар и за првпат во својата историја го освои Суперкупот. Освен што ова е нивни прв трофеј во Суперкупот, ова е и прв трофеј во Битола после 16 години.

Битолчани го надиграа Вардар, посебно во второто полувреме кога доминираа и славеа со 31:22. Првиот дел беше изедначено, на пауза се замина со 14:14, но на стартот од вториот дел Е.Пелистер направија серија од 5:1 и дојде до водство од 20:16. Тоа беше прво поголемо водство во натпреварот, во тие моменти одличен на голот беше голоманот Мартон Секељ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вујовиќ се обидуваше да менува со 7 на 6 меѓутоа ништо од тоа не донесе резултат, место тоа предноста на Е.Пелистер дојде и до максимални 10 разлика.

Во финишот на мечот дојде и до мал дуел меѓу Стоилов и Немања Обрадовиќ, па и двајцата добија директни црвени картони.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…