Дома Фудбал Останато Дебаклот на УЕФА на дело: Финалето се игра пред полупразни трибини!?

Дебаклот на УЕФА на дело: Финалето се игра пред полупразни трибини!?

УЕФА за место на одигрувањето на финалето во Лигата на Европа го избра Азербејџан и Олимпискиот стадион во Баку.

Оваа одлука веднаш наиде на негодување од фудбалската јавност, а како што се наближува денот на финалето таа ситуација е се полоша.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во финалето од Лигата на Европа кое се игра во среда на 29-ти мај ќе се сретнат Арсенал и Челзи и се поголеми се шансите трибините на стадионот во Баку да не доликуваат на едно финале.

Навивачите на лондонските ривали, па и самите клубови од поодамна изразија незадоволство што финалето ќе се игра во Азербејџан.

Клубовите добија само по 6.000 влезници, но сега се шпекулира дека половина ќе и вратат на УЕФА.

Имено, Арсенал на четири дена до натпреварот продаде само 3.500 влезници, додека Челзи продаде само 2.000.

Причината е бојкотот поради долгото патување до Баку, навивачите од Лондон треба да поминат околу 4.000 километри поради одењето на финалето ги чини многу скапо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп не мирува: Веќе има нова идеја, Манчестер сити може да добие засилување од 100 милиони евра!

Maнчестер Сити сезонава не игра на највисоко ниво, а уште еден удар беше доживеан во вторн…