Дома Фудбал Англија Два кандидати во трка за кормилото на Арсенал

Два кандидати во трка за кормилото на Арсенал

Изборот за новиот тренер на Арсенал е сведен на само две имиња.

Во медиумите последние денови прочитавме голем број на имиња кои се поврзуваа за нов тренер на Арсенал, но управата на Арсенал заедно со скаутот на клубот списокот го скрати на само две имиња. Оваа информација на својот Твитер профил ја потврди секогаш добро информираниот новинар на „BBC“, Давин Орнстејн.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според неговите извори прв од двајцата кандидати е сегашниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри. Во случај Италијанецот да го превземе кормилото на „Топчиите“, управата на Арсенал ќе му даде одврзани раце кога станува збор за трансферите на играчите. Во Италија тврдат дека тоа е речиси невозможно и дека управата на Јуве не сака да се откаже од својот тренер кој им донесе четврта двојна круна во низа.

Доколку од Алегри нема ништо, управата на лондонскиот тим ќе се сврти кон ангажирање на својот поранешен играч и првиот помошник на Гвардиола во Сити, Микел Артета. Како и да е, ние ќе го почекаме конечниот расплет од оваа ситуација.

Арен Венгер денеска по последен пат ќе седи на клупата на Арсенал во натпреварот против Хадерсфилд кој започнува во 16 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…