Дома Трансфер зона Двајца фудбалери до крајот на преодниот рок ќе го напуштат Манчестер Јунајтед

Двајца фудбалери до крајот на преодниот рок ќе го напуштат Манчестер Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред, како што стојат работите летово ќе има нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекува 30-годишниот бразилски репрезентативец да се пресели во нова средина. Според информациите на Фабрицио Романо трансферот би можел да се реализира во текот на оваа недела.

Поранешниот играч на Шахтјор имаше турбулентни периоди од доаѓањето на „Олд Трафорд“ и сега сака да го напушти клубот за да игра редовно. Фред не е стартер во Манчестер и малку е веројатно дека ќе добие доволно време за игра следната сезона.

Во меѓувреме Јунајтед е во потрага по ново засилување од средината на теренот. Покрај Фред пред заминување е и Дони Ван Де Бек кој не се прослави на „Олд Трафорд“. Како што стојат работите Холанѓанецот може да го засили Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…