Дома Фудбал Репрезентации „Да се биде дел од тимот на Франција е чест, Рабиот сам себе се казни“

„Да се биде дел од тимот на Франција е чест, Рабиот сам себе се казни“

le great

Селекторот на Франција, Дидие Дешам пред неколку дена го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за Мундијалот во Русија.

Помеѓу 23 одрбани имиња, немаше место за неколку големи ѕвезди како што се Александар Лаказет, Ентони Марсијал, Димитри Паје, Адриен Рабиот…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Изоставувањето посебно тешко му падна на Рабиот, па одлучи од Дешам и Фудбалскиот сојуз на Франција во целост да отстранат од сите списоци. Со таквиот потег тој сериозно си ја доведе својата репрезентативна кариера во прашање.

„Адриен Рабиот е голем играч и љубезно момче кој секогаш одлично се однесува во националните селекции, така беше и во младинските категории каде што се развиваше, поради тоа неговата реакција е навистина изненадувачка. Неговото разочарување не треба да доведе до тоа да се откаже од репрезентацијата и да не и служи на Франција. Бидејќи тој сепак е дел од тимот на Франција и е помеѓу 30 најдобри играчи и тоа е голема привилегија и голема работа за неговата кариера. Неговата одлука е лоша, тој се казни и санкционираше самиот себе“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Грет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…