Дома Македонски спорт Дарио Ивановски не ја заврши трката, Рингер е најдобриот маратонец во Европа

Дарио Ивановски не ја заврши трката, Рингер е најдобриот маратонец во Европа

Германскиот атлетичар Ричард Рингер стана новиот европски шампион во маратон на шампионатот што денеска започна во Минхен.

На трката од 42 километри учествуваше и македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, но тој не успеа да ја заврши трката и остана без пласман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За 33-годишниот маратонец ова е најголемиот успех во кариерата откако претходно неколку пати завршуваше како трет на различни натпреварување. Делницата од 42 километри ја истрча за време од 2:10:21 што за него е личен рекорд.

Три секунди зад него остана Мару Тафери од Израел, а бронзата ја освои неговиот сонародник Гашау Ајале. Покрај Ивановски уште 16 други маратонци не успеаа да ја завршат трката.

Помеѓу дамите европска шампионка стана Александра Лисовска од Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…