Дома Македонски спорт Дарио Ивановски во Битола ја одбрани титулата и постави нов државен рекорд

Дарио Ивановски во Битола ја одбрани титулата и постави нов државен рекорд

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското првенство кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај Бе“.

Ивановски 21 километар истрча за време од 1:04:45 часа и тоа е нов државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со оваа победа Ивановски ја одбрани титулата која ја освои минатата година на полумаратонот во Тирана. На втората позиција заврши Ахмет Алканоглу од Турција, трет беше Романецот Стефан Иулис.

Победничка во женска конкуренција беше Албанката, Луиза Гега, една од најдорбите атлетичарки на Балканот и актуелна европска шампионка на 3.000 метри стиплчез. Маринела Нинева заврши зад неа, а Даевора Аврамова на третата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…