Дома Луд Спорт Дами и господа скаутот на Реал Мадрид – РАФАЕЛ НАДАЛ!

Дами и господа скаутот на Реал Мадрид – РАФАЕЛ НАДАЛ!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал никогаш не ја криеше неговата љубов кон „кралевите“, а веќе им помогна. Го чека ли фудбалска функција во иднина?

Иако неговиот чичко Мигел Анхел Надал беше член на Барселона, Рафа е голем фан на Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот секој слободен момент го користи да ги гледа натпреварите на Реал, а се шпекулира и дека го чека место во управата после завршувањето на кариерата. Славниот тенисер веќе започна да работи како скаут.

Имено, еден од најталентираните фудбалери на Реал, Марко Асенсио, кого Зидан го промовираше во првотимец потврди дека за неговото место во Реал заслужна е интервенцијата на Надал.

„Се е вистина, се се случи многу брзо, Играв за Мајорка, се споменуваа големи клубови, но Надал одлучи малку да се позанимава со тоа. Го повика Флорентино Перез и го убеди да ме ангажира. За неколку дена се беше готово. Од Мадрид ме известија дека се договориле со Мајрока, веднаш отпатував и потпишав договор“, откри Асенсио.

Асенсио беше на позајмица во Еспањол, се врати во клубот и оваа сезона доби вистинска шанса. Успеа да го исфрли Иско од тимот и да се наметне во првиот тим кај менаџерот на Реал, Зидан.

Очигледно проценката на Надал била одлична.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …