Дома Фудбал Дали на Барселона ќе и биде потешко да го замени Меси од Роналдо?

Дали на Барселона ќе и биде потешко да го замени Меси од Роналдо?

Mногумина гледаат проблеми во Барселона во иднина.

Според голем дел од фудбалската јавност Барселона полека се припрема за живот без Лионел Меси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без Меси ќе им оди изгледа навистина тешко, а последниот доказ за тоа го добивме овој викенд кога Барселона во шпанското првенство едвај го совлада Ваљадолидл.

Меси е човек кој создава шанси, асистириа и погодува го има буквално насекаде во напаот и на таков играч тешко може да му се најде замена.

Барселона утре го игра натпреварот против Лион во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар за медиумите зборуваше поранешниот играч на едниот и другиот тим, Сон Андерсон.

„Се сеќавам кога стигнав во Барселона требаше да го заменам Роналдо, вредев повеќе од него. Роналдо беше уникатен играч, а навивачите не знаеа многу за мене бидејќи играв во Франција. Кога ќе дојде некој да го замени и го земе дресот со број 10 ќе има уште потешка задача отколку што имав јас“, изјави Андерсон.
Неодамна претседателот на Барселона, Бартомеу потврди дека клубот работи на продолжување на договорот со Меси и дека тоа наскоро ќе се случи.

„Лионел Меси ќе продолжи со нас. Тој е играч-клуб, односот со негов е таков што засекогаш ќе остане во Барселона. Тој самиот веќе ни кажа дека сака да го продолжи договорот. Му понудивме договор и верувам дека наскоро сите ќе слушнете добри вести“, гласеше изјавата на Бартомеу неодамна за „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…