Мауро Икарди веќе втор натпревар на Интер на домашен проследи од трибините.
Секако тој ужива во друштво на својата сопруга Ванда Нара, а изгледа дека нив им е забавано иако не се омилени во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро наводно е повреден, меѓутоа но прегледите направени неодамна покажаа дека не се работи за никаква повреда, па јасно е дека станува збор за нешто друго.
Додека Икарди го следеше натпреварот против Рапид оние кои сакаат да шпекулираат забележаа еден сомнителен детал на неговата капа.
Кандрева се појави со капа со орел над која стоеше збор „Freedom“, односно слобода, па многумина веруваат дека Икарди со овој потег сакал да испрати порака до управата на Интер.
Исто така, минатата недела во натпреварот против Сампдорија Икарди се појави со слична капа. Тогаш на сликата место орел и „слобода“ стоеше лав и „крал“.
Многумина веруваат дека на овој начин Икарди најави заминување од „Џузепе Меаца“. Тој наводно веќе „кокетира“ со одредени клубови, а се погласни се зборува за негов трансфер на лето.
Интересно е што забележително беше дека тој и Ванда на трибините не ги славеа премногу головите на Интер. Поради целата ситуација се поставува прашањето дали
Икарди воопшто ќе заигра за Интер. Изгледа дека Ванда добро ја контролира ситуацијата и нема намера да му дозволи на својот сопруг да настапи се додека не добие договор каков што посакува.