Дома Трансфер зона Дали денешниот потег на Солскјер е доказ дека Лукаку нема да биде играч на Јунајтед следната сезона? (ВИДЕО)

Дали денешниот потег на Солскјер е доказ дека Лукаку нема да биде играч на Јунајтед следната сезона? (ВИДЕО)

Манчесер Јунајтед денес го одигра својот втор пријателски натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Оле Гунар Солскјер со високи 4:0 го совладаа Лидс, а голови постигнаа Гринвуд, Рашфорд, Џонс и Марсијал од белата точка.

Тренерот на Манчестер Јунајтед им даде прилика на сите играчи, но Ромелу Лукаку не доби прилика. Белгиецот го пропушти и натпреварот против Перт Глори кој во саботата Јунајтед го доби со 2:0.

Денес се очекуваше да добие прилика и Солскјер на прес-конференцијата пред овој натпревар најави дека може да се случи такво нешто, но на крајот не се случи.

Иако Лукаку стигна со автобусот на Јунајтед на стадионот беше изоставен и не се наоѓаше ниту на клупата за резерви.

Ова само потврдува дека неговиот трансфер во Интер е се поблиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…