Дома Фудбал Гризман со објаснување: Откри што пресудило да ја одбие Барса и да остане во Атлетико

Гризман со објаснување: Откри што пресудило да ја одбие Барса и да остане во Атлетико

Антоан Гризман веќе беше виден како ново засилување на Барселона, но Французинот целосно неочекувано одлучи да остане во Атлетико Мадрид и да го продолжи договорот со „јорганџиите“.

Ваквиот потег ги разочара сите на „Ноу Камп“ каде што сметаат дека Гризман само ја искористувал цената за да добие подобар договор со Атлетико.
Мадритската „Марка“ објави разговор со Гризман во кој тој открива зошто се одлучил да ја одбие Барселона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Разбирам дека некои навивачи се иритирани од мојот случај. Тоа е логично, но само можам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои секогаш беа тука за да ме поддржант. Ќе се обидам таа љубов да им ја возвратам на теренот. Не постои ништо повеќе да ме возбудува од тоа кога ќе ги слушнам како го скандираат моето име на стадионот“.

„Клубот многу растеше од моето доаѓање до денес. Имаме импресивен стадион кој ни помага да растеме. Го сакам проектот кој го градиме со одлични играчи. Ги ценам напорите кои клубот ги вложува, а претседателот веќе ми ги соопшти плановите за новата сезона. Бев многу возбуден кога слушнав што има да ми соопшти. Нашиот проект е чудесен“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави добил отказ во болница: Откриени зборовите кои му ги кажал Лапорта

Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ја води Барселона, легендата на …