Дома Офсајд Го напушта фудбалот бидејќи навивачите му ја навредуваат девојката

Го напушта фудбалот бидејќи навивачите му ја навредуваат девојката

Голамнот на англискиот нисколигаш Петерборо, Џонатан Бонд откри дека размислува да го напушти фудбалот поради вербалните навреди кои навивачите и ги упатуваат на неговата девојка.

24-годишниот Бонд и неговата девојка Леа Паркер секојдневно трпат навреди, па голманот е решен да се повлече од фудбалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За вербалното злоставување проговори и неговата девојка која откри дека се започнало кога таа прв пат се појавила на стадионот на Петерборо.

„Често ми испраќаат грди и провокативни коментари. Сепак, поинаку е кога тоа го прават на социјалните мрежи, отколку на стадион. Се беше добро додека Џон играше за Ридинг, но откако дојде во Петерборо навивачите се свртеа против нас“, изјави Леа Паркер.

Навивачите имаат неугладни коментари на нејзините големи гради, а на еден натпревар дури донесоа секс-кукла со големи гради и го напишаа нејзиното име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…