Како што пренесува еминентниот шпански весник „Марка“, Лука Модриќ и Реал Мадрид конечно постигнале договор за продолжување на соработката.
Хрватскиот маестро наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2021 година, што практично значи дека ќе ја заврши кариерата во „кралскиот“ дрес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал не дозволи да го загуби најдобриот фудбалер на светот, иако во последно време се погласни беа шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Минатото лето Модриќ силно се поврзуваше со трансфер во Интер, дури медиумите пишуваа дека самиот сакал да замине од Реал Мадрид, но со новиот договор Хрватот ќе стави крај на сите шпекулации околу својата иднина.
Модриќ му се приклучи на Реал летото 2012 година кога на кормилото на „кралскиот“ клуб седеше Жозе Мурињо. Од тогаш Хрватот стана главна алка на тимот кој доминираше во Европа, па оваа година и беше избран за најдобар фудбалер на светот и ја доби „Златната топка“.
Финансиските детали од договорот не се познати, но Модриќ ќе стави потпис на договор до 2021 година. Тоа значи дека после истекот на договорот ќе има 36 години, што значи дека ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид.
Модриќ со Реал освои една шампионска титула во Примера, еден во Куп на кралот, четири пати го крена трофејот од Лигата на шампионите (2014, 2016, 2017, 2018) и четири пати Светската клупска титула (2014, 2016, 2017, 2018).
#LaPortada ? Modric se retirará en el Madrid https://t.co/W4CsgBfgUL
— MARCA (@marca) February 22, 2019