Холанѓанецот доби шанса до крајот на сезоната…
Кларенс Сидорф е нов тренер на Депортиво Ла Коруња и со овој клуб ќе се обиде да избори опстанок во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот во понеделникот допатува во Галиција, а со Депортиво потпиша договор со крајот на сезоната со опција истиот да биде продолжен.
Легендата на Милан на „Риазор“ ќе го замени Крисбал Парала кој заработи отказ во неделата.
Поранешниот холандски репрезентативец во досегашната тренерска кариера баш и нема премногу искуство. Го водеше Милан во вториот дел во сезоната 2013/14, како и кинескиот Шенжен од јули до декември 2016 година.
Депортиво во овој момент се наоѓа на 18 место на табелата со три бода помалку од Леванте кој е над зонатаза испаѓање.