Дома Македонски спорт Горење немаше никакви шанси, Вардар покажа сила

Горење немаше никакви шанси, Вардар покажа сила

Европскиот шампион Вардар славеше убедливо со 32:19 против тимот на Горење во натпреварот од СЕХА лигата.

За Вардар натпреварот од второто коло во ова натпреварување беше прв официјален во новата сезона која црвено-црните го одиграа на домашен терен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вардар фантастично го започна натпреварот и имаше пет голови предност, но потоа следуваше серија на тимот на Горење, па гостите успеаа на полувреме да заминат со само еден гол негатива.

Но, вардарци во вториот дел покажаа сила и на крајот го завршија натпреварот со убедлива предност. Како што предноста се зголемуваше, Раул Гонзалес имаше прилика и да одмори некои од поважните ракометари. Најефикасен стрелец  во редовите на нашиопт претставник беше Чупиќ, а веднаш зад него беше Мрсениќ со четири постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Голот на Манасков за ерупција во Битола против ПСЖ во топ 5 во Лигата на шампионите (Видео)

Тимот на Пелистер ремизираше против ПСЖ во Лигата на шампоните, а херој за македонскиот ша…