Поранешниот Дејвис куп селектор на српската репрезентација, Радмило Арменулиќ го коментираше прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Српскиот тенисер, за многумина и најдобриот на сите времиња, и легендата на хрватскиот тенис го потврдија раскинувањето на соработката која траеше од летото 2019 година.
„Пресудија резултатите. Новак откри дека Иванишевиќ повеќе не може да му го дава потребното внимание. Очигледно е дека тренинзите веќе не беа активни, дека имаше заситеност. Мислам дека Новак донесе добра одлука. Ќе видиме дали тоа ќе биде успешно. Мое мислење е дека ќе биде“, вели Арменулиќ за Курир и додаде:
„Горан ми беше играч. Го познавам многу добро. Тој сака фантазии, а тоа не е добро за тренер. Особено тренерот кој се грижи за најдобриот во светот. Плус, не бев сигурен дека има добро око за детали во тениската игра“.