Познатата прослава на Бафетемби Гомис оние кои го гледале сигурно ја паметат.
Напаѓачот многу често своите погодоци ги прославува со глумење пантер, а сега на таквиот начин исплаши и едно момче кое седеше покрај теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гомис денес настапува за тимот на Ал Хилал во Саудиска Арабија и е исклучително ефикасен, погодува скоро на секој натпревар.
Одличната форма во која се наоѓа Гомис ја потврди во натпреварот против Ал Итихад. Тогаш Гомис тргна во својот препознатлив стил да го прославува погодокот.
Меѓутоа тогаш пред него случајно се најде едно мало детенце кое на столче седеше покрај тревникот и според реакцијата воопшто не му беше пријатно да го гледа „пантерот“ Гомис. Младото момче веројатно не било запознаено со она што го прави Гомис, а напаѓачот после натпреварот покажа и голема дозна на човечност.
Koliko je meni ovo jako, gledam 10. put ? jadan mali, ali ko se ne bi uplašio ovakvog Gomisa… pic.twitter.com/jgRsuR38nK
— Bojan Marinković (@JohnFrum12) February 22, 2019
Имено, Гомис откако заврши натпреварот дојде до споменатото момче и побара извинување за несекојдневната ситуација.
Гомис во својата кариера го носеше дресот на Сент Етјен, пет сезони (2004-2009), во меѓувреме беше испратен и на позајмица во Тројес. После епизодата во Сент Етјен направи трансфер во Лион каде што можеби ги помина и најдобрите денови (2009-2014).
После оваа епизода во Лион Гомис го носеше дресот на Марсеј, Галатасарај и денес Ал Хилал каде што на 21 натпревар постигна 17 погодоци.