Дома Фудбал Останато Неверојатни бројки: Еве колку заработува Нејмар во Ал Хилал за секој допир со топката

Неверојатни бројки: Еве колку заработува Нејмар во Ал Хилал за секој допир со топката

Проблемите со повредите се причината поради која Нејмар досега одигра само седум натпревари во дресот на Ал Хилал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилскиот ас вкупно за Ал Хилал на теренот помина 428 минути и за тој период постигна еден гол и трипати асистираше. Официјалниот износ кој годишно го заработува е 100 милиони евра, меѓутоа со бонусите и останатите договори се претпоставува дека станува збор за сума од околу 120 милиони евра.

Само што се врати на терените по долгата пауза повеќе од една година, Нејмар претрпе нова повреда поради која одредено време ќе биде надвор од терените. Таквата ситуација многумина ја искористија да пресметаат колку точно, Ал Хилал го плаќа Нејмар.

Ако му е платата 120 милиони евра, а постигна само еден гол и наместил три лесно може да се пресмета каколку пари добива за секој потег посебно.

По гол: 90 милиони евра
По асистенција: 40 милиони евра
По натпревар: 17.1 милиони евра
Со секој допир на топка: 306.000 евра
По одиграна минута: 280.000 евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…