Дома Фудбал Италија Гомез донесе одлука каде сака да ја продолжи кариерата

Гомез донесе одлука каде сака да ја продолжи кариерата

Папу Гомез до крајот на јануари ќе ја напушти екипата на Аталанта, но се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Имено, негова желба е да остане во Италија, а заинтересирани за неговите услуги се Интер и Фиорентина.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, од тоа нема да биде ништо, бидејќи управата на Аталанта донесе јасна одлука според која нема да го продаде на ниту една екипа од Италија.

Од друга страна Гомез сака да се пресели во клуб кој игра во ЛШ, но се уште не пристигнала понуда за него од некоја друга лига.

Да потсетиме, причината поради која Гомез заминува од Аталанта е недоразбирањата со тренерот Гасперини во првиот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вирџил ван Дајк ги понижи сите соиграчи со зборови и испрати јасна порака

Сезоната на Ливерпул доживеа нов пад, можеби и најдлабокиот досега. На Енфилд, претрпеа по…