Дома Топ вести Голем скандал во подем: Хакери откриваат кои фудбалери биле допингувани на СП 2010.

Голем скандал во подем: Хакери откриваат кои фудбалери биле допингувани на СП 2010.

Голем скандал е во подем, откако хакерската група „The Fancy Bears“ откри кои фудбалери биле допингувани во текот на СП 2010. година во Јужна Африка.

Групата стана позната пред две години кога ја хакираа страницата на допинг куќата и објавија дека голем дел од руските атлетичарки биле допингувани. Експресно реагираше Олимписката федерација која тогаш ја суспендираше руската селекција од сите натпревари, и потврдија дека овие информации се вистинити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хакерската група овојпат повторно беше на дело и одлучи уште еднаш да ја нападне истата страница. Овојпат открија кои играчи биле допингувани за време на СП 2010. година, но поради тоа не биле казнети иако се знаело што се случува.

Тие објавија денес дека под допинг во Ј.Африка биле Карлос Тевез, Хуан Себастијан Верон, Габриел Хајнц, Валтер Самуел и Диего Милито, односно голем дел од играчите на Аргентина. Тие користеле недозволиви супстанци, додека Милито користел повеќе од една.

Исто така, се наведува дека бил допингуван и еден репрезентативец на Германија, поточно Марио Гомез. Имено, тој користел супстанца за астма. Меѓу овие фудбалери е и името на Дирк Кајт.

Светските медиуми денес објавија дека по овој хакерски напад, ќе продолжи хаосот бидејќи се откриени многу чувствителни податоци. Некои медиуми се обидоа да ја контактираат ФИФА, но се уште не добиле одговор. Доколку овие информации се потврдат, тоа ќе биде уште еден голем скандал во светот на фудбалот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…