Првиот човек на организацијата на Светското првенство во фудбал Насер Ал Катер најави големи промени во Катар пред и за време на натпреварувањето.
Најголемите промени се однесуваат на алкохолот. Бидејќи Катар е традиционална муслиманска земја, досега граѓаните кои беа под дејство на алкохол на јавни места завршуваа во затвор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, тоа ќе се промени кога ќе почне Светското првенство. Катарците ќе создадат „зони на трезвеност“, каде навивачите кои испиле премногу ќе одат да се отрезнат и безбедно да се вратат во своето сместување.
„Тие зони ќе се состојат од шатори, изјави Катер за „Скај њуз“, а пијаните луѓе ќе бидат обезбедени таму за да не се повредат себеси или другите.“
Големи промени ќе се воведат и во односот кон хомосексуалците. Иако Катар е многу конзервативна земја кога станува збор за правата на сексуалните малцинства, Ал Катер рече дека ќе им дозволи на геј паровите да се држат за рака во јавност и нема да ги казнува поради тоа.
„Сè што бараме е нашите гости да ја почитуваат културата. На крајот на денот, се додека не им наштетуваат на луѓето околу нив, се додека не го уништуваат јавното добро и се додека не се однесуваат насилно секој е добредојден кај нас и нема за што да се грижи“, заклучи шефот на организацијата на Мундијалот.