Репрезентацијата на Чиле во пријателски натпревар славеше против Хондурас со 4:1, а Алексис Санчез освен што постигна гол, воодушеви и потегот после натпреварот.
Младиот навивач влезе на теренот после голот на Санчез, а напаѓачот одлично го пречека. После натпреварот Санчез го повика младото момче и во соблекувалната каде што му го поклони целиот комплет кој го носеше со се копачките.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Санчез не се снајде во Манчестер Јунајтед откако пристигна од Арсенал, но во Чиле со години е еден од најдобрите играчи. Во 124 натпревари за репрезентација постигна 41 погодок, што го прави најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација.
Check ? @Alexis_Sanchez #ChilevsHonduras #Niño #Camiseta pic.twitter.com/xh32JiOWPr
— CAC1KE OFICIAL (@CAC1KEOFICIAL) November 21, 2018