Дома Фудбал Останато Голем потег на Меси: Ќе го спасува Роналдињо

Голем потег на Меси: Ќе го спасува Роналдињо

Меси не заборава и ќе направи се за да го извади својот соиграч и идол од затвор.

Според извештаите од Јужна Америка, Меси ќе направи се за да го извлече Роналдињо кој во овој момент е во притвор. Имено, тој ангажирал адвокати и спремен е да плати и четири милиони евра за Роналдињо да биде пуштен од затворот во Парагвај. Бразилеот поради лажен пасош беше уапсен во Парагвај. После испрашувањето полицијата го ослободи, но еден ден подоцна судот одлучи да го стави славниот фудбалер во притвор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во приказната се вмеша Меси и ќе ги плати долговите, како и судиските трошоци, ангажирал и адвокати кои ќе се обидат да издејствуваат пуштање на Роналдињо да се брани од слобода.

Инаку, Роналдињо е добро во притвор се појави и фотографија на која е насмеан, а управителот на затворот за медиумите изјави дека нема никакви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…