Фудбалерите на ПСЖ во недела вечер многу веројатно ќе ја прослават титулата шампион на Франција.
Тие на домашен терен ќе играат против Монако во рамките од 33-тото коло во Лига 1 и потребен им е само еден бод за да ја одбранат титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој натпревар ПСЖ ќе игра со посебни дресови посветени на неодамна оштетената катедрала во Париз, Нотр Дам.
Богатите сопственици во ПСЖ веќе собираат пари за да учествуваат во обнова на историскиот објект, а клубот преку дресовите ќе испрати силна порака.
Сепак, ако ги погледнеме последните резултати на тимот кој од клупата го води Томас Тухел не можеме да бидеме толку сигурни дека ќе ја освојат титулата против Монако.
Имено, ПСЖ веќе имаше три натпревари во кои можеше математички да ја обезбеди титулата, но не успеа. Два натпревари изгуби од Лил (5:1) и Нант (3:2), додека против Стразбур одиграа нерешено.
Ова ќе им биде втора шанса на домашен терен да се обидат да ја обезбедат титулата која би била нивна осма во клупската историја. Тоа значи дека ќе заостануваат со две титули зад Сент Етјен и Марсеј кои имаат по десет.