Дома Македонски спорт Мак фудбал Големо засилување во Штип: Екс-голгетерот на Гостивар потпиша за Брегалница

Големо засилување во Штип: Екс-голгетерот на Гостивар потпиша за Брегалница

Ремзифаик Селмани е најновата аквизиција на штипските сини.

Селмани има одлично фудбалско досие, класичен гол-играч, вистинско решение за неефикасноста на Брегалница од есенската полусезона.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Родум од Џепчиште, фудбалските чекори Реми ги започнува во Ренова, каде по само 2 сезони заминува во Унгарија, во Ујпешт.

Во кариерата, има настапувано уште за Шкендија, Љапи (Косово), уште 2 сезони во Ренова, каде е најдобар стрелец во ПМФЛ, Мезоковеж (Унгарија), Партизани (Албанија), а последен клуб му е Гостивар.

Селмани има 26 години и доаѓа како слободен играч. Има настапувано во сите младински категории за репрезентацијата на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…