Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но ќе го напушти клубот после само една сезона.
Белгиецот воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега на неговата позиција пристигнаа нови засилувања, па јасно беше дека неговата минутажа додатно ќе се намали и Милан сака да се ослободи.
Милан ја прифати понудата на Аталанта и се согласи да го пушти Де Кетеларе на позајмица за која ќе добие 3 милиони евра, а Аталанта следното лето ќе може да го откупи за додатни 23 милиони евра.
Белгиецот кажа ДА на трансферот и утре ќе пристигне во Бергамо на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.