Дома Фудбал Германија Големото засилување на Баерн го одработи првиот тренинг

Големото засилување на Баерн го одработи првиот тренинг

После многу шпекулации, Лерој Сане на 3. јули официјално беше претставен како нов играч на минхенски Баерн.

Крилниот играч после четири години го напушти Манчестер Сити и се врати во Германија, каде своевремено настапуваше за Шалке.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се верува дека од неговиот трансфер Манчестер Сити заработил 49 милиони евра.

Иако сезоната во ПЛ за Манчестер Сити не е завршена, Граѓаните веднаш му дозволија на Сане да му се придружи на Баерн.

Сане, кој неодамна се опорави од тешката повреда го одработи и својот прв тренинг во тренинг кампот на Баерн, а Баварците тоа го “документираа“ на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…