Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите и понатаму руши рекорди.
Роналдо и на 38 години покажува дека може да игра на највисоко ниво, па така сега стана првиот фудбалер во 2023 година кој стигнал до 40 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерлинг Халанд водеше во трката со 39, меѓутоа Роналдо со вчерашните два гола против Босна и Херцеговина во квалификациите за Европското првенство го престигна Норвежанецот. Зад Роналдо и Халанд е Мбапе со 35 гола.
Португалецот само во минатата 2022 година не стигна до границата од 30 гола, додека во 2021 постигна 47 гола, во 2020 44, во 2018 49, а најдобрата голгетерска сезона му беше во 2015 година кога дури 57 пати се запиша во листата на стрелци.