Дома Фудбал Лига на шампиони Гнабри е поранешен „арсеналовец“ па после четирите гола не пропушти да им „удри“ сеир (ФОТО)

Гнабри е поранешен „арсеналовец“ па после четирите гола не пропушти да им „удри“ сеир (ФОТО)

Серж Гнабри вчера имаше своја вечер и постигна дури четири гола во победата на Баерн од 2:7 против европскиот вицешампион.

И да биде уште поинтересно херојот Гнабри во минатото го носеше дресот на најголемиот ривал на Тотенхем, Арсенал. Добро познато е какво ривалство владее во Северен Лондон, а Гнабри како поранешен играч на „топџиите“ не си дозволи да пропушти да „удри“ сеир на стариот ривал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После четирите гола во мрежата на „петлите“ Гнабри се огласи нa Tвитер и само кратко напиша – Северен Лондон е црвен!

Јасно неговиот потег беше поздравен од навивачите на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн подготвен да плати 100 милиони евра за хрватски талент?

Минхенски Баерн има сериозен интерес да го доведе извонредниот хрватски фудбалер Лука Вушк…