Шкотскиот фудбалски гигант Глазгов Ренџерс денеска го отпушти тренерот Џовани ван Бронхорст, по низата лоши резултати пред паузата за Светското првенство.
Ван Бронхорст седна на клупата на Ренџерс во ноември 2021 година, кога го замени Стивен Џерард и го одведе тимот до финалето на Лига Европа и Купот на Шкотска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тој ја плати цената поради лошиот почеток на новата сезона во која Ренџерс ги загуби сите шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите, додека во домашниот шампионат заостануваше со Селтик со девет бода.
За жал, неодамнешните резултати не ги исполнија нашите очекувања и донесовме одлука да го раскинеме договорот со тренерот“, се вели во соопштението на клубот.
Потрагата по нов тренер е во тек“, се додава во соопштението на клубот од Глазгов.