Бразил во неделата го победи Перу со 3:1 и така ја освои Копа Америка.
Пред тој натпревар Бразилците играа полуфинале против Аргентина и успеаа да слават со 2:0, но тој натпревар донесе многу контроверзии.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Аргентинците беа бесни на главниот судија Роди Замбрано бидејќи според нивно мислење не досудил два чисти пенали. Поради тие ситуации Меси после натпреварот јавно зборуваше дека јужноамериканскиот фудбалски сојуз е корумпиран.
Clear pen against Aguero not given before Brazil scored its second goal. Argentina got absolutely robbed. pic.twitter.com/GeVuPvX0Fx
— Matias Wodner, First of His Name (@matiwod) July 3, 2019
Сега, после подолго време се огласи и судијата Замбрано кој објасни што се случило на тој натпревар.
„Судијата во ВАР собата ја прегледа ситуацијата со Отаменди и ми кажаа дека не е чист пенал, туку дека е ситуација 50:50. Не ме советуваа да ја прегледам таа ситуација. Кога видов што се случило, денес тврдам дека требаше да ми кажат да ја прегледам снимката“, изјави Замбрано и така призна дека требало да досуди барем еден пенал за Аргентинците.
Во Бразил се пишуваше дека била изгубена комуникацијата помеѓу ВАР собата и Замбрано, тој тоа го негираше.
„Никогаш не ја изгубив комуникацијата со ВАР собата. Тоа е погрешно. Аргентинците после натпреварот зборуваа дека сум премногу нервозен и дека поради тоа пропуштив да досудам некои работи, но тоа не е вистина“, изјави Замбрано.