Дома Фудбал Англија Гигс ја официјализираше својата нова работна позиција

Гигс ја официјализираше својата нова работна позиција

Легендарниот велшки фудбалер, Рајан Гигс конечно пронајде нова работа.

Некогашниот офанзивец на Манчестер Јунајтед, како што пренесуваат странските медиуми, ќе стане спортски директор на Промотивниот фонд за виетнамски таленти, а на новата должност ќе стапи на 20. ноември.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Работата на Гигс ќе биде базиран на фудбалерите и младите тренери, како и придонес во развојот на фудбалот во Виетнам, а олеснителна околност ќе му биде тоа што на далечниот исток ќе оди само два пати во годината.

Велшанецот со Виетнамците потпиша двогодишен договор.

Последниот ангажман, Гигс го имаше во Манчестер Јунајтед, каде по завршувањето на кариерата работеше како помошник на Давид Мојес и Луи Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Суарез пред преселба во нов клуб, на повидок големо враќање!

Договорот на Луис Суарез во Интер Мајами истекува, а засега нема индикации за продолжување…