
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен коментатор, Гери Невил, го прокоментира настапот на засилувањето на Арсенал, Сеад Колашинац против Манчестер Сити.
Сеад Колашинац не прикажува баш најдобри во редовите на Арсенал, а критики за неговата форма упати и Гери Невил.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„На Колашинац му треба помош. Се губеше кога играчите на Манчестер Сити го менуваа првецот“, зборуваше Невил.
Колашинац по пристигнувањето се наметна кај Венгер и стана миленик на навивачите, но поради честите грешки во последно време ја изгуби довербата, па одредено време не беше во плановите на Французинот, но нова прилика доби после повредата на Монреал.
Да потсетиме, Колашинац на „Емирати“ пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Шалке.