Дома Фудбал Англија Гвардиола: Сега сме посилни од минатата сезона!

Гвардиола: Сега сме посилни од минатата сезона!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим сега е посилен во однос на минатата сезона кога супериорно ја освои титулата во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментов Манчестер Сити заостанува четири бода зад лидерот Ливерпул на табелата.

„Подобри сме во однос на минатата сезона и разликата е во мали детали. Тоа е нормално, бидејќи повеќе време сме заедно како тим“, изјави Гвардиола.

„Напредувавме при градењето на акциите, имаме повеќе варијанти да го спречиме противникот и се познаваме подобро. Притоа сме постабилни кога се браниме“, додаде каталонскиот стратег.

„Се разбира дека губиме бодови, тоа се случува и е нормално. За да ја освоиш титулата во ЛШ потребни ти се 6-7 меча кои треба да ги одиграш на ниво, а во првенството треба да си во форма на секои три дена“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Зарем навистина ни го правите ова?“: Оваа сцена ги налути навивачите на Реал Мадрид (Видео)

Енрике Рикелме објави кандидатура за претседател на Реал Мадрид. Одлучи да го предизвика н…