Денес стартуваат полуфиналните пресметки во Лигата на шампионите, а во првото полуфинале ќе се сретнат Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Пеп Гвардиола пред овој натпревар го пофали противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секако е добро што се пласиравме во полуфиналето, годи кога си помеѓу најдобрите четири екипи во Европа. Ако сакаме да стигнеме до финалето ќе мораме да одиграме два перфектни натпревари и верувам дека можеме да го направиме тоа. Знаеме колку е добар Реал Мадрид и вистински тест е играњето против нив“.
Признава дека историјата е на страната на Реал.
„Кога ќе ја погледнете историјата ние немаме шанса, тоа не може да се промени, но можеме да направиме нешто сега. На теренот сме 11 на 11 со една топка и со исти шанси. Натпреварите ги решаваат играчите, а не тренерите. Реал Мадрид многу пати играл во полуфинале, ова е наше второ. Покрај припремите им кажав на фудбалерите и да уживаат затоа што не играте секој ден вакви натпревари“, изјави Гвардиола.
Ќе потсетиме, второто полуфинале се игра утре помеѓу Ливерпул и Виљареал.