Дома Фудбал Останато Гвардиола за трансферот на Де Јонг: Уште еден доказ дека на Барса и Реал не можете да им се спротиставите

Гвардиола за трансферот на Де Јонг: Уште еден доказ дека на Барса и Реал не можете да им се спротиставите

Франки Де Јонг од Ајакс пред неколку дена го комплетираше трансферот во Барселона за која ќе настапува од лето.

Де Јонг откако го комплетира потврди дека водел преговори со Манчестер Сити и ПСЖ, но дека Барселона била најголема во неговите очи.
Сега на оваа тема се огласи и Пеп Гвардиола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не сум разочаран од Де Јонг. Невозможно е да се спротиставувате на Барселона и Реал кога во прашање е борбата за некој играч, овој последен трансфер беше доказ за тоа. Овие два клуба секогаш имаат предност поради она што можат да го понудат, а тоа е дека можеби се најголемите во светот. Од ова можеме да извлечеме поука, а тоа во иднина да бидеме побрзи“, изјави Гвардиола.

Де Јонг во Барселона премина за сума од 75 милиони евра плус 11 како бонуси со што стана најскапиот Холанѓанец на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…