Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се согласија да ја продолжат соработката до летото 2021. година.
Како што пишуваат медиумите на Островот, Каталонецот ќе има годишна плата од 23 милиони евра, со што ќе стане најплатениот тренер во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од најуспешните фудбалски тренери во последната деценија така уште најмалку три години ќе го води англискиот тим со кого стана шампион со рекордни 100 бода, 32 победи и со 196 постигнати гола, а второпласираниот Манчестер Јунајтед имаше 19 бода помалку.
„Многу сум среќен и возбуден. Задоволство ми е да работам овде. Уживам во работата со нашите играчи и заедно ќе дадеме се од себе за да бидеме поуспешни во годините што доаѓаат. Кога работите со играчите, морате во нивно друштво да се чувствувате удобно, а јас се чувствувам“, изјави Гвардиола.
Со „Граѓаните“ во 113 натпревари Гвардиола постигна 77 победи, а со 32 овосезони победи во Премиер лигата го надмина својот претходен рекорд од 31 победа, со која стигна со Барселона во шпанското првенство во сезоната 2009/10. Со двете титули освоени оваа година, Пеп стигна до бројка од 23 освоени трофеи во улога на тренер.