Дома Фудбал Англија Гвардиола го доби признанието за најдобар тренер во сезоната

Гвардиола го доби признанието за најдобар тренер во сезоната

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола ја доби наградата за најдобар тренер во сезоната.

Признанието за Гвардиола е лочигичен избор, бидејќи поранешниот тренер на Баерн и Барселона оваа сезона го предводеше Манчестер Сити до првиот наслов во Премиер лигата по 2014. година. Гвардиола признанието го доби по избор на Асоцијацијта на лигашки тренери, а освен него меѓу кандидатите беа уште Јирген Клоп, Шон Дич, Нуно Еспирито Санто, Нил Ворнок и Џон Колеман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Манчестер Сити под водство на Гвардиола ја освои титулата со рекордни 100 бода. Неговите фудбалери во текот на целата сезона загубија само 14 бода, а завршија со 106 постигнати гола. Исто така, Манчестер Сити го совои Капитал Купот по победата над Арсенал со резултат од 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси планира враќање во Барселона!

Лионел Меси и Антонела Рокузо се подготвуваат за значајно животно патување, што веќе привл…