Дома Фудбал Англија Гвардиола го губи трпението: Ѕвездата задоцни три часа на тренинг!

Гвардиола го губи трпението: Ѕвездата задоцни три часа на тренинг!

Францускиот репрезентативец Бенџамин Менди минатото лето пристигна како големо засилување во Манчестер Сити.

Меѓутоа, скапо платената аквизиција до сега одигра само 13 натпревари, намногу поради фактот што минатата сезона ја пропушти скоро цела поради повреда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, Гвардиола полека го губи трпението, поради однесувањето на Менди надвор од терените и недисциплината.

Имено, тој минатата сабота беше на бокс мечот на Ентони Џошуа, а проблемот настана следниот ден, кога Менди доцнел дури три часа на тренинг.

Веќе разговарав со него на оваа тема. Тој требаше да дојде многу порано на тренингот и знае што мислам јас за тоа. Дојде подоцна, но тоа се случува понекогаш. Сега е повреден, кога ќе биде подобар ќе одлучи сам кога треба да се врати“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…