Дуелот на Луис Хамилтон и Макс Верстапен на последната трка во Абу Даби предизвика многу коментари.
Верстапен го престигна Хамилтон во последниот круг и стигна до титулата светски шампион, а впечатоците не се намалија ниту три дена после трката. На оваа тема се огласи менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој даде интересен коментар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Луис и Макс ни пондуија одлична борба, но видовте дека некогаш не зависите самите од себе. Тоа е така и во фудбалот. Лош ден, лоши одлуки, ВАР и се може да падне во вода“, порача Гвардиола.
Гвардиола и претходно беше познат како фан на Формула 1, а дуелот на Хамилтон и Верстапен викендов беше во центарот на вниманието на сите медиуми.