Дома Фудбал Италија Гатузо: Требаше да потпишам за Бока, ама жена ми не ме пушти!

Гатузо: Требаше да потпишам за Бока, ама жена ми не ме пушти!

Легендата на италијанскиот фудбал Џенаро Гатузо откри дека имал можност да заигра за трофејниот аргентински клуб, Бока Јуниорс во 2012 година, но неговата сопруга го блокирала трансферот.

Гатузо тогаш после цели 13 години го напушти Милан како слободен агент и имал конкрентна можноста да потпише за Бока Јуниорс, но неговата сопруга не му дозволила да се пресели во Аргентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев близу да потпишам во Бока во 2012 година, но мојата сопруга се прашува кај нас дома и не ме пушти да одам. Нашите деца тогаш беа мали, па не беше вистинско време за таков потег“, откри Гатузо.

„Не е тајна дека отсекогаш и се воодушевував на Бока. Бев доволно среќен да играм против нив и да го освојам Интерконтиненталниот куп“, додаде актуелниот тренер на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…