Дома Фудбал Италија Гатузо после Милан може да продолжи во Серија А – го сакаат два клуба!

Гатузо после Милан може да продолжи во Серија А – го сакаат два клуба!

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо ја напушти клупата на Милан после година ипол.

Гатузо и неговиот фудбалери направија се за клубот да се врати во Лигата на шампионите, но на крајот немаа успех во таа мисија, па денес Гатузо објави дека си заминува од кормилото на „росонерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Одлуката да го напуштам Милан не е лесна, но тоа е одлука која морав да ја донесам. Нема одреден момент кога се одлучив на ваков потег, но сега кога ќе погледнам назад во овие 18 месеци сфаќам дека е дојдено време нешто да се промени“, гласеше изјавата на Гатузо со која го потврди своето заминување.
Засега не е познато кој ќе го замени на клупата на овој славен клуб, но познато е кои се опциите за Гатузо.

Како што пренесуваат медиумите во Италија опции за Гатузо се Сампдорија и Лацио. Марко Џампаоло и Симоне Инзаги, актуелните тренери на споменатите клубови можеби повеќе нема да седат на нивните клупи, а во тој случај Гатузо би бил опција за некој од нив.

Инаку, со Милан Гатузо имаше договор до летото 2021 година, а при давањето оставка се откажа од парите кои му следуваа според договорот, со тој потег секако покажа почит кон клубот и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…