Eкипата на Вардар претрпе големи промени во изминатиот период, а дојде и нов газда, сопствникот на „Блу Скај“, Слободан Крстевски.
Сега Крстевски во интервју за спортското радио „90.3 ФМ“ зборуваше на повеќе теми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова превземање на Вардар е голем чекор и за мене и за мојот тим. Се нафативме од љубов кон Вардар, кон фудбалот, затоа што гледаме просперитет и успешна приказна во клубот. Со многу работа и голема посветеност можеме да постигнеме големи успеси. Се уште го правиме тимот кој ќе го води клубот. Чекаме да заврши полусезоната, па потоа би требало да бидеме комплетни. Не сакаме да брзаме, сакаме да ги одбереме вистинските имиња, за вистинските позиции“.
За финансиската ситуација.
„Не е тајна дека се уште имаме долгови. Во мојот договор со Самсоненко за една година треба да ги вратиме долговите, но мислам дека тоа ќе го направиме и порано. Според планот, некаде до февруари-март ќе ги анулираме долговите кои се во висина од околу 2,5 милиони евра. Оние најприоритетните се покриени за да можеме да функциониреме. По Нова година, полека, сите долгови ќе се исчистат и треба да се стабилизира ситуацијата“, зборува Крстевски во интервјуто.
Фото: ФК Вардар