Oткако Шкендија се раздели со Сабит Билали кој шутираше фудбалер на Академија Пандев и доби шестмесечна суспензија, денес тетовскиот клуб го напушти и 32-годишниот Меџит Незири.




Шкендија објави дека Незири нема да продолжи да го носи црвено-црниот дрес во пролетниот дел од сезоната.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Незири одигра важна улога во првата шампионска титула на Шкендија во 2011 година, сакаше поголема минутажа, а така не мислеше тренерот Ќатип Османи.




За седум сезони поминати во клубот собра 155 натпревари и од нив 134 беа во Првата лига. Освои две титули во 2010/2011 и 2020/2011.




Фото: ФК Шкендија