Дома Фудбал Лига на шампиони ВРЕМЕПЛОВ: „Старата дама“ бара нов Дел Пјеро, „кралевите“ нов Мијатовиќ, традицијата на страната Италијанците!

ВРЕМЕПЛОВ: „Старата дама“ бара нов Дел Пјеро, „кралевите“ нов Мијатовиќ, традицијата на страната Италијанците!

Во пресрет на големото финале од Лигата на шампионите, време е да се потсетиме на некои незаборавни натпревари помеѓу Јувентус и Реал Мадрид во последните 20 години.

Не постојат две екипи оваа сезона кои повеќе заслужија да се најдат во финалето од италијански Јувентус и шпанскиот Реал Мадрид. Затоа сите нас во сабота од 20:45 не очекува мега спекаткл и дуел на два гиганти од европскиот и светскиот фудбал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата асоцијација која ви паѓа на памет сигурно е натпреварот од 1998 година кога Предраг Мијатовиќ го постигна единствениот гол во финалето и го донесе трофејот во Мадрид. И самиот Мијатовиќ пред некое време призна дека и покрај повредата на зглобот со која настапи во тој натпревар, таа вечер не му ја променила само кариерата, туку и целиот живот.

Меѓутоа, верувале или не, тука беше крајот на успесите на Реал Мадрид во дуелите против Јувентус во Лигата на шампионите. „Старата дама“ од тој момент дури три пати го исфрлаше Реал во самата завршница од европските натпреварувања.

Вкупната гол разлика помеѓу овие две екипи во 21 век изнесува 17:12.

Првиот натпревар после финалето 1998 година, се сретнаа во полуфиналето сезоната 2002/2003. Рела славеше со 2:1 во првиот натпревар. Реваншот во Торино на стариот „Деле Алпи“ за навивачите на Јувентус и денес има ознака, епски. И навистина тоа беше натпревар од соништата за „бјаконерите“. Воведот беше фантастичен, Давид Трезеге со волеј удар ја испрати топката зад грбот на Икер Касиљас, а многу брзо потоа следуваше и една мајсторија на Алесандро Дел Пиеро.

Можеби одлучувачки момент на средбата беше пенаот кој го одбрани Буфон, а еуфоријата до максимум ја подигна Павел Недвед кој погоди за 3:0. Се што Реал успеа да направи до крајот е ефектниот гол на поранешниот ас на Јувентус, Зинедин Зидан.

Многу слична ситуација не очекуваше само две години подоцна. „Кралевите“ во првиот натпревар во Шпанија беа подобри со 1:0 и без примен гол отпатуваа во Италија, стрелец на победничкиот гол беше Иван Елгер во 31 минута.

Потоа повторно следуваше натпреват во Торино и нова голема победа на Јувентус над Реал. Првиот удар на „кралевите“ повторно им го нанесе Давид Трезеге, во комбинација со Златан Ибрахимовиќ, тоа беше еден од поубавите и поважните голови на Французинот. Овој натпревар ќе остане запаметен и како еден од ретките во кој беше исклучен “стариот“ Роналдо. Победата на Јувентус ја донесе Марсело Залајета во продолженијата со убав погодокот од работ на казнетиот простор.

Во последните деве години исто така гледавме повеќе натпревари помеѓу најголемиот шпански и најголемиот италијански клуб, а повторно може да се каже дека Јувентус имаше поголем успех. Почнувајќи од 2008 година кога Алекс Дел Пиеро постигна три погодоци во победите од 2:1 во Торино и 0:2 во Мадрид и стана еден од ретките на кого му се поклони целиот „Сантијаго Бернабеу“.

Потоа овие два клуба се сретнаа уште еднаш во групната фаза и единствено во овој двомеч Реал беше поуспешен. Реал предводен од Кристијано Роналдо славеше со 2:1 на својот стадион, а потоа следуваше реми во Торино (2:2).

Сепак далеку поважен беше последниот судар, а италијанците и тука беа поуспешни. Тоа беше пред само две години во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар Јувентус погоди преку Алваро Мората, изедначи Кристијано Роналдо, а Карлос Тевез со удар од белата точка обезбеди предност на италијанците пред реваншот во Шпанија. Од нов пенал во реваншот овој пат Кристијано Роналдо погоди за предност на Реал и резултат кој ги води  „кралевите“ во финале, но само додека на сцена не стапи детето на Реал, Алваро Мората.

Денес Мората повторно е во дресот на Реал, но во втор план. Некои други асови се во прв план и кај едните и кај другите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…