Дома Трансфер зона Во 2017 не им бил доволно добар, а сега за него би платиле и 100 милиони евра

Во 2017 не им бил доволно добар, а сега за него би платиле и 100 милиони евра

Барселона е во потрага по замена за Луис Суарез, потребен им е напаѓач од светска класа кој во следните сезони ќе го наследи Уругвацот.

Според она што се пишува во медиумите, прва мета на Барселона е Аргентинецот Лаутаро Мартинез кој под водство на Антонио Конте игра одлично.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мартинез во овој момент има 13 голови и три асистенции на 21 натпревар за миланскиот гигант, а покрај одличните бројки добро изгледа и на теренот.

Разигран, брз и вешт пред противничкиот гол и затоа во Барса наводно се спремни да платат и 100 милиони евра.

Ако дојде до таков трансфер Барса на тој начин би ја поправила грешката од пред две години кога нивниот тогашен директор Пеп Сегура одбил да го доведе Мартинез кој во тоа време играл за аргентински Расинг.

Аргентинците барале 25 милиони евра, но Сегура им одговорил дека Мартинез не е калибар за Барселона. Лаутаро таа сезона на 27 натпревари постигнал 18 гола и веќе бил мета на повеќе европски клубови, меѓутоа од некоја причина Сегура не верувал во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…