Кристиано Роналдо сигурно е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Овекој кој во секоја прилика знае да воодушеви со својата игра на теренот, но и со своето однесување надвор од него.
Голманот на Јувентус Војчех Шчесни во разговор за медиумите во Полска се потсети на момент од прд две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тогаш Масимилијано Алегри имаше барање до секој фудбалер кој ќе добие црвен картон да се извини на некаков начин. Така Роналдо против Валенсија во Лигата на шампионите заработи црвен картон. Теренот го напушти во солзи и доби поддршка од сите нас. Алегри без оглед на се стоеше на тоа да го испочитува договорот.
„Два месеци подоцна тој на сите ни подобар iMac“, откри Шчесни.
Призна дека и самиот морал да се извини на играчите поради негово исклучување.
„Јас им купив слушалки на момците“, призна полскиот голман.