Дома Фудбал Италија Во Серија А во новата сезона се враќа едно старо правило

Во Серија А во новата сезона се враќа едно старо правило

Новата сезона во Серија А ќе ни донесе правило кое веќе подолго време не се користи.

Имено, Италијанците одлучија да се игра нов натпревар во случај двете првопласирани екипи сезоната да ја завршат со ист број на бодови. До сега се гледаа меѓусебниот дуел и гол-разликата, но во случај да сега после 38 коло првиот и вториот имаат ист број бодови ќе следи натпревар на неутрален терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истото правило ќе се применува и во борбата за опстанок, поточно ако 17. и 18. позиција завршат со ист број на бодови. Правилото нема да се користи кога во прашање се местата за европските натпреварувања како Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Новост е и дека во Купот на Италија се укинува правилото гол во гости. Во изминатата сезона тоа правило важеше, но повеќе нема да биде случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…