Дома Фудбал Останато Во Париз нема да биде досадно: Додека Икарди потпишуваше, Нејмар се дружеше Макси Лопез!(ФОТО)

Во Париз нема да биде досадно: Додека Икарди потпишуваше, Нејмар се дружеше Макси Лопез!(ФОТО)

Maуро Икарди вчера во последните часови од преодниот рок стави потпис на договор со Пари Сен Жермен и така се заврши сапуницата која траеше цело лето.

Икарди во текот на преодниот рок се поврзуваше со Јувентус, Наполи, Валенсија и Монако, но на крајот Мауро (или подобро кажано Ванда) одлучи кариерата да ја продолжи во „Градот на Светлината“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со себе во Париз покрај Ванда секако ги поведе и децата на Макси Лопез за кои тој се грижи од кога е со Ванда. Познато е дека тие двајца во минатото беа добри пријатели, но наеднаш станаа најголеми непријатели.

На теренот од моментот кога Икарди ја превзема Ванда се сретнуваа неколку пати, но меѓусебно ракување немаше.

„Сопругата на колегата не смее да се допре, во мое време би го тепала цела соблекувална“, изјави своевремено Диего Армандо Марадона.

Не е познато каков ќе биде дочекот на Икарди во Париз, но токму вчера кога Икарди го завршуваше трансферот во ПСЖ Макси Лопез постави фотографија со Нејмар со порака дека Бразилецот е одличен човек, скромен и вистински пријател.

Многумина тоа го протолкуваа како провокација за Мауро, а веднаш започна и да се пишува дека Нејмар нема пријатно да го дочека новиот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…